„Чував стража, додека Мајк беше во тоалет со Наоми Кемпбел“

Поранешниот пријател и менаџер на Мајк Тајсон, Рори Холовеј тврди дека на времето славниот американски боксер бил многу слаб на припадничките на понежниот пол. Во својата книга Холовеј наведе неколку интересни детали од животот на „Челичниот Мајк“ и уште еднаш потврди дека неговата „ахилова пета“ беа жените.

„Една вечер пазев на него и останав во неверување кога ја видов Наоми Кемпбел. Во еден момент ми рече дека мора во тоалет, а веднаш и таа влезе по него. Јас морав да чувам стража и на сите да им говорам дека тоалетот е зафатен“, изјави Холовеј. 

Тајсон имаше многу проблеми во текот на 90-тите, а поради силување заврши у затвор.

Се вчитува...