Covid-19 и во ракометниот клуб Барселона: Мортенсен е позитивен на коронавирус

Коронавирусот влезе и во ракометниот клуб Барселона. Данскиот интернационалец Каспер Мортенсен е позитивен на Covid-19, потврди клубот на официјалниот сајт. Ракометарот нема симптоми, се чувствува добро, но се наоѓа во изолација.

Останатиот дел од тимот има негативни тестови и се подготвува за вечерашниот меч од Лигата на шампионите против ППД Загреб на домашен терен.

 

Се вчитува...