Коронавирусот ја нападна Џенова. Италијанскиот клуб објави дека дури 14 членови на тимот или стручниот штаб се позитивни на Covid-19 по најновото тестирање. Утре ќе следат втори тестови за потврда на резултатите од првичното тестирање, но јасно е дека ситуацијата во клубот е алармантна.
Сите играчи се во карантин, а дополнително ќе се знае дали и ќе останат во повеќедневна изолација. Прашање е каква ќе биде состојбата и со капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев и тоа пред историскиот плејоф – натпревар против Косово на 8 октомври во Скопје. Италијанските медиуми објавуваат дека покрај голманот Матија Перин и Ласе Шоне, позитивни се уште осуммина фудбалери и четворица членови на стручниот штаб.
Оваа вест секако не е пријатна и за Наполи, тимот кој играше против Џенова изминатиот викенд, а негов член е уште еден македонски репрезентативец, Елиф Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА