„Да играше Најдоски, Баерн немаше ниту гол да ни даде“

Легендарниот тренер на Црвена Звезда, Љубомир Петковиќ кој успеа да стигне до врвот на Европа во 1991 година вели дека двата натпревари во полуфиналето против Баерн Минхен се најдобрите на шампионската генерација на црвено-белите. Реваншот кој се одигра во Белград заврши нерешено 2-2, а тој тврди дека не би имало драма во финишот доколку на теренот бил Илија Најдоски кој поради два жолти картони морал да го пропушти мечот.

„Тоа го тврдам и ден денеска. Да немаше Најдоски два жолти картони и да мораше мечот да го гледа од трибините уверен сум дека Баерн немаше ниту гол да ни даде на „Маракана“. Наша грешка беше што не се засиливме на таа позиција на која ги имавме само Белодедиќ и Најдоски“, изјави Петковиќ. 

Црвена Звезда 1991 година стана и Европски и светски клупски шампион, а дел од тимот беа и Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Се вчитува...