Да не се Попов и Барсегјан…нема да знаеш дека е Вардар (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонскиот вицепрвак Вардар ги започна летните подготовки во Зрече, Словенија. А таму, предводени од Бобан Бабунски и еден куп други тренери како асистенти, многу млади и неискусни фудбалери. Си чиниш, ако не се Горан Попов и Тигран Барсегјан, ајде и Филип Гачевски, нема да знаеш дали е Вардар. Треба по боите да препознаваш…

„Црвено-црните“ ова лето речиси комплетно го реновираат тимот. Си заминаа голем број на искусни фудбалери на кои им завршија договорите, а дојдоа нови, кои треба да донесат нова свежина. Во наредните 15 дена, тимот ќе тренира со полн интензитет во Словенија, подготвувајќи се за настапот во квалификациите за Лигата на Европа.

 

Се вчитува...