Да се биде или не: Силекс и Работнички во директна пресметка за Европа!

Финална битка за европски излез. Силекс и Работнички денеска од 16:15 часот во рамките на претпоследното коло од Првата македонска фудбалска лига во директна пресметка во Кратово ќе одлучат кој од двете екипи во голема мера ќе може да се надева на европски излез ова лето.

Кратовци имаа повеќе од моќна разлика во однос на конкурентите за третата позиција, за да сега се доведат во ситуацијата жестоко да се борат и за четвртото место…

„Не чека клучниот натпревар кој не носи во амбициите за Европа. Свесни сме дека сега мора да се заборават изминатите кола и да се даде максимумот за надигрување и позитивен резултат како што е Работнички“ – вели пред пресметката стратегот на Силекс, Жикица Тасевски.

По триумфот против Академија Пандев во минатото коло, пак, сега Работнички има два бода предност пред кратовскиот прволигаш во пресрет на дуелот во Кратово…

„Сите во клубот сме свесни од какво значење е овој натпревар во Кратово. Преостануваат завршните два испити и мораме да ги положиме. Фокусирани сме максимално на дуелот со Силекс кој е квалитетен тим и ќе треба да одиграме на врвно ниво, за да ја оствариме нашата цел. Верувам во фудбалерите, тие и досега докажаа дека знаат да одиграат најдобро кога е најпотребно иако на своите плеќи имаат голем притисок. Но, Работнички сака да ја оствари својата цел и сите планови се подредени на нејзино остварување“ – вели шефот на стручниот штаб на Работнички, Ѓоре Јовановски.

ПРВА ЛИГА – 35. КОЛО (16:15 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – ПОБЕДА

Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...