Управата на Ливерпул се повеќе го губи трпението со Арне Слот по последниот пораз на дуелот со Борнмут, но холандскиот стратег ќе добие уште една – последна шанса да се обиде да ја сврти сезоната во позитивен правец, или ќе добие отказ од функцијата.
Добрите игри и резултати во ЛШ засега го спасуваат Слот, кој ќе го води тимот и во последното коло против Карабах, по што ќе следи дуелот „да се биде или не“ за него во Премиер-лигата. „Црвените“ на 31 јануари на „Енфилд“ ќе го пречекаат Њукасл, меч што Слот мора да го добие ако сака да се спаси од отказ. Во ситуација кога е во серија од пет рунди без победа во Премиер-лигата (четири реми и еден пораз) и трката за највисок пласман е така далечна, „црвените“ со право стравуваат дека со Слот на клупата нивниот тим нема да може да стигне ниту до билет за ЛШ за наредната сезона.
Управата досега покажа огромно трпение, но сега веќе и меѓу највисоките директори постои сомнеж дека овој стратег е вистинскиот за Ливерпул.
Ситуацијата е променета и откако Чаби Алонсо стана слободен на пазарот по отказот од Реал Мадрид, шпанскиот ас е голема желба на дел од највисоката управа на Ливерпул, па лесно може да се случи овој фудбалски генијалец на почетокот на февруари да се врати назад на „Енфилд“, овојпат како предводник од клупата на најтрофејниот англиски колектив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

