Работа, работа и само работа е основното мото на Раул Гонзалес, со кое шпанскиот стратег успеа да создаде од Вардар моќна ракометна машинерија. Затоа, не е изненадување што откако пристигнаа први во Келн, „црвено-црните“ вечерва го одработеа и првиот тренинг во германскиот град.
Повеќе стануваше збор за истегнување по патот со авион до Дортмунд, па автобус до Келн, но нема сомнеж дека Раул веќе ја има подготвено вистинската тактика за Монпелје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА