Да се освои Грузија – за првпат во историја!

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија

Владимир Булатовиќ

Македонија за првпат во својата фудбалска историја на мегдан со Грузија. Прво гостување во Тбилиси, но нескриена желба во редовите на националниот тим фудбалски да се освои атрактивната земја во Јужен Кавказ.

Сениорите не блескаа на стартот од Лигата Ц во Лигата на нациите но славеа против Ерменија во Скопје со 2-1. Сето тоа како мотив плус за продолжување на победничката серија без разлика на тоа што се игра под специфични услови во пандемиски период по долга пауза која неизбежно остава трага на сите фудбалери.

„Се работи за две селекции кои сигурно посакуваат победи. Ние максимално ја почитуваме Грузија, но секако не отстапуваме од нашите цели да одиме на победа на секој натпревар. Така ќе биде и утре затоа што верувам во овие момци, верувам во нашите амбиции. Можеби според некои не одигравме на посакуваното ниво со Ерменија, но најважна е победата“ – вели селекторот Игор Ангеловски.

Сосема еднакво е размислувањето и на капитенот Горан Пандев…

„Важни беа трите бода со Ерменија како за почеток. За разлика од Скопје тука имаме добар терен за игра. Дојдовме по трите бода, сакам да ги освоиме. Кај нас атмосферата е одлична, никогаш не ни била на вакво ниво. Свесни сме дека не сме 100% подготвени но во овој дрес секогаш треба да се дава максимумот затоа што само така може да се стигне до посакуван резултат“, изјави капитенот Горан Пандев. 

ЛИГА Ц – ЛИГА НА НАЦИИ (18 ч.)

Тбилиси: Грузија – МАКЕДОНИЈА

Ереван: Ерменија – Естонија

Се вчитува...