Да се знае кој е европски првак – Вардар доби нова „биста“ во Келн

Јунскиот успех на Вардар во Лигата на шампионите и втората европска круна на „црвено-црните“ беше овековечена откако македонскиот првак ја доби и втората „стаклена биста“ во специјалниот парк во Келн наменет за прваците што стигнуваат до круната на Ф4 во „Ланксес Арена“.

Ова е втора ваква „биста“ за Вардар по онаа што се однесува на успехот од 2007 година, а за големината на успехот најдобро говори фактот дека „црвено-црните“ се позастапени во ова избрано друштво од речиси целиот европски крем (по две имаат уште Барса и Кил, по една Кјелце, Монпелје, Фленсбург и Хамбург, а за ПСЖ и Веспрем нема место бидејќи се уште се без европска круна).

„Се наоѓаме во главниот град на европскиот клупски ракомет и голема е возбудата да шетаме овде и да се потсетиме на сите претходни победници. Ова е специјална церемонија за Вардар и успехот на овој клуб, вторпат во клупската историја“ – истакна првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер.

Се вчитува...