„Да сум на местото на Меси ќе отидев дома, ќе земев пиво и ќе ги кренев нозете на маса…“

Лео Меси се најде во центарот на вниманието со суспензијата која ја доби од страна на ПСЖ откако слободниот ден го искористи за патување во Саудиска Арабија. Овој потег воопшто не му се допадна на раководството на парискиот состав па го казни легендарниот фудбалер, но по само неколку дена ја поништи истата и го врати легендарниот фудбалер во тренажен процес.

За целата ситуација проговоре и неговиот поранешен соиграч Карлос Тевез кој вели ПСЖ постапил погрешно и воопшто нема почит кон Меси. А, тој да бил во негова ситуација ќе постапел сосема различно…

„ПСЖ не смее да ги третира играчите така. Играв против нив додека бев во Манчестер Јунајтед, тогаш беа на средината на табелата. Да бев јас на местото на Меси како светски шампион и да бараа од мене да се извинам дека сум отпатувал некаде на слободен ден, ќе отидев дома, ќе земев пиво и ќе ги кренев нозете на маса. Ќе чекав тие да ми се извинат мене.

Меси со неговото извинување го стави клубот над себе и за тој потег мора да му се поклониме. На крајот на денот, тоа доволно говори за клубот. Не им е грижа кој е Меси од денот кога дојде во клубот“, вели Тевез.

Се вчитува...