„Да знаевме дека Алисон вака ќе брани, ќе го платевме двојно повеќе!“

Во таборот на Ливерпул сосема очекувано се пресреќни по триумфот над Наполи и пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Не го кријат задоволството и од начинот на кој Алисон го одбрани оној шут во последните минути на гостите со кој се „спаси“ победата. Очекувано, најрадосен менаџерот Јирген Клоп…

„Не знам што да кажам. Благодарам Енфилд. Благодарам Алисон. Немам поим како успеа да го одбрани она во последните минути. Да знаев дека вака ќе брани, ќе го платевме Алисон и двојно повеќе“ – се пошегува Клоп по синоќешниот дуел на „Енфилд“.

Клоп, на прашањето кого го посакува во осминафиналето категорично нагласува: „Воопшто не ми е грижа за тоа. Сеедно!“

Се вчитува...