Далас го претрпе петтиот пораз во 14 одигран натпревар сезонава во НБА лигата откако загуби со 113-129 од Сакраменто во натпревар во кој учиникот на словенскиот репрезентативец Лука Дончиќ проследен со 25 поени, 10 скокови и 7 асистенции не беше доволен за десетта радост во сезоната.
Пораз претрпе и Денвер чие гостување кај Кливленд заврши со резултат 121-109 во полза за домаќините. Кај тимот од Колорадо одново се истакна Никола Јокиќ, овој пат со 18 поени, 10 скокови и 7 асистенции, додека Кливленд го предводеше Гарланд со 26 поени на кои додаде и 6 асистенции.
Јута и Феникс одиграа одличен натпревар во кој победникот беше решен по дополнителни минути за конечни 137-140. Кевин Дурент со 39 поени, 10 асистенции и 8 скокови ги предводеше гостите до триумф, додека 38 поени и 17 скокови за Џез постигна Лаури Марканен.
Во останатите натпревари:
Бруклин – Филаделфија 99-121
Торонто – Детроит 142-113
Индијана – Орландо 116-128
Мемфис – Бостон 100-102
Портланд – Оклахома 91-134
Лос Анџелес Лејкерс – Хјустон 105-104
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА