Даде гол, промаши шанса за победа, па на крајот заплаче

Барселона синоќа пред своите навивачи одигра 1-1 против Наполи во првиот меч во Лигата на Европа во 1/16 финалето. Гостите одлично го почнаа натпреварот, и во 29. минута успеаја да поведат со 1-0 со голот на Зиелински.

Меѓутоа Барселона дојде до израмнување во 59. минута преку Феран Торес. Токму Торес можеше да биде целосен херој. Во самиот финиш утна две одлични шанси за гол, и да донесе целосен пресврт.

Овие утки тешко му паднаа на Торес, што се виде на крајот на натпреварот кога дури и заплаче. Тоа покажува дека многу му значеше овој меч и сакаше да биде херој, со што ќе му донесеше на својот тим предност пред реваншот во Неапол.

Се вчитува...