Даглас Коста донесе триумф за Јуве, Пандев и Џенова со празни раце

Италијанскиот првак Јувентус оствари нова победа во Серија А, совладувајќи ја Џенова на домашен терен во Торино со 1-0. Стрелец на победничкиот погодок за „старата дама“ беше Даглас Коста во 16.минута од натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше стартер во составот на Џенова и играше до 78.минута, кога на негово место во игра влезе Лападула.

Јувентус по овој триумф повторно се доближи на само бод негатива до првопласираниот Наполи.

Се вчитува...