Даглас Коста пак се повреди, неизвесен и Де Лихт

Маурицио Сари се соочува со сериозни проблеми во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид откако повреди на последниот меч со Аталанта заработија Даглас Коста и Матијс де Лихт.

Коста неодамна се врати по повредата, го постигна победничкиот гол на гостувањето против Локомотив, но по дуелот со Бергамо повторно се пожалил на болка во мускулот. Деталните прегледи покажале дека проблемот не е наивен, па Бразилецот ќе мора да отсуствува најмалку две седмици од терените.

Нешто подобра е состојбата на Де Лихт, кој по утрешните детални прегледи ќе знае дали ќе добие зелено светло за настапи против Атлетико.

Добра вест е што Кристијано Роналдо го одработе целиот тренинг и ќе биде во комбинација за настап на следниот дуел од ЛШ откако го пропушти мечот со Аталанта.

Се вчитува...