Фудбалерот за врска на Јувентус, Даглас Коста, ќе паузира три седмици поради повреда, објави актуелниот италијански првак. Тој го истегнал бутниот мускул на левата нога на мечот против Верона (2-1) во Серија А изминатиов викенд и ќе мора да апстинира од фудбалските терени околу дваесетина дена. Неизвесно е дали Бразилецот ќе биде подготвен за настап на првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против францускиот Лион што е закажан за 26.февруари.
Јувентус со поразот од Верона го загуби и првото место на табелата во Серија А. Со идентичен број бодови (54), но со подобра гол – разлика, лидерската позиција сега ја има Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА