Даглас Коста се врати во Баерн Минхен

Даглас Коста повторно ќе го облече дресот на Баерн Минхен откако баварскиот гигант се договори со Јувентус за едногодишна позајмица на овој фудбалер. Коста токму од Баерн се пресели во Јувентус, каде најчесто беше адут од клупата на Алегри, Сари и сега на Андреа Пирло.

„Старата дама“ се обидуваше да се ослободи од него во овој преоден рок, Коста веќе ја одби понудата на Вулверхемптон, но кога се појави опцијата за враќање во Минхен крилниот офанзивец не размислуваше премногу. Сит4е детали се веќе договорени, тој ќе пристигне на едногодишна позајмица, а Баерн нема да плати ниту евро на Јувентус, европскиот првак само се согласи на исплата на 100% од платата на фудбалерот.

Јувентус заврши голема работа со двете позајмици на Ругани и на Коста во изминатите 48 часа отвори простор за доаѓање на Федерико Киеза од Фиорентина, чиј трансфер би требало да биде комплетиран во текот на утрешниот ден.

Се вчитува...