Дајр: Шпанија е најинтелигентниот тим на светот

Шведска денеска од 18 часот ќе се биде да стави крај на двогодишната доминација на Шпанија во европскиот ракомет. За реприза на големото финале од 2018 година двете селекции се изборија со триумфи над Франција, односно Данска во полуфиналните средби па сосема заслужено се најдоа во битка за златниот медал.

Во последните 60 минути од Европското првенство 2022 се е можно, но според пивотот на Шведска, Макс Дајр, неговата репрезентација мора да биде на врвот на својата задача доколку сака го совлада најинтелигентниот тим на светот.

„Шпанија е најинтелигентниот тим на светот, тие играат ракомет „со глава“ и не очекува една тешка, но убава битка во која ќе се обидеме да дадеме се од себе за да стигнеме до победа“, вели Дајр кој се осврна и на првиот меѓусебен меч одигран на ЕП оваа година во кој „црвената фурија“ славеше со 32-28.

„Проблемот кој го имавме беше тоа што не можевме да играме одбрана каква што сакаме и од тоа не успеавме да одиграме добро во контра нападите. Доколку сакаме сега да славиме мора да се подобриме во тие аспекти“.

Се вчитува...