Дајте му „Златна топка“ – Бензема со два гола за три минути го „тресна“ и Челси (ВИДЕО)

Карим Бензема продолжува со неверојатните партии сезонава во дресот на „краслкиот клуб“. Неверојатниот Французин со два гола за три минути му носи водство на Реал Мадрид од 0-2 на гостувањето во Лигата на шампионите против Челси. Првиот гол го постигна со глава на асистенција на Винисиус Џуниор во 21. минута, а само три минути подоцна по одличниот пас на Модриќ зголеми на 0-2.

Ова за Французинот е десетти гол сезонава во елитата, но петти во последните две полувремиња, второто против ПСЖ кога даде хет-трик во осминафиналето и овие два сега против Челси.

Се вчитува...