Масаи Уџири, еден од највлијателните кошаркарски оперативци во НБА, е новиот претседател на тимот и заменик-генерален менаџер на Далас Маверикс.
Овој нигериско-канадски функционер ќе се обиде да ги исправи грешките направени од поранешниот генерален менаџер на франшизата од Тексас, Нико Херисон, кој го испрати Лука Дончиќ во Лос Анџелес. Со чиста среќа, Мавс го добија првиот избор на минатогодишниот драфт, па благодарение на Купер Флег, 55-годишникот роден во Англија ќе има добра основа за да изгради суперсила.
Уџири пристигна во најсилната лига во светот како скаут, а Орландо му ја даде првата работа. Се етаблираше како генерален менаџер на Денвер, а златното доба од својата кариера го доживеа во Торонто.
Тој се смета за архитект на шампионската генерација на Репторс од 2019 година, која го донесе првиот и единствен прстен во историјата во Канада. Со доведувањето на Каваи Леонард, тој направи клучен потег и храбро се откажа од лицето на тимот во тоа време, Демар ДеРозан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
