Далбер потпишува за Интер

Левиот бек на Ница, Далбер, е пред потпис со италијанскиот калчолигаш Интер. Бразилскиот интернационалец, според информациите од Италија, веќе допатувал во Милано, и откако ќе го мине медицинските прегледи, треба и официјално да стави потпис на договор со својот нив клуб.

Интер на Ница ќе и исплати 20 милиони евра, а Далбер ќе потпише петгодишен договор со клубот од „Џузепе Меаца“. Тој ќе заработува 1,1 милиони евра по сезона во дресот на „нероаѕурите“.

Се вчитува...