Далеку е Боатенг од „Олд Трафорд“

Шансите Џером Боатенг да се пресели во Манчестер јунајтед до крајот на овој преоден рок се сведени на теорија откако е обелоденето дека понудата на „црвените ѓаволи“ е двојно пониска од она што Баерн Минхен го бара за својот дефанзивец.

Мурињо бара врвен одбранбен играч и се надеваше дека тоа ќе биде Боатенг, но Јунајтед понудил само 25 милиони фунти, премалку за играч од највисок калибар. Според весникот „Билд“, челниците на Баерн биле изненадени од висината на понудата, со оглед на нивниот цврст став дека оној што го сака Боатенг ќе треба да плати 50 милиони фунти за услугите на германскиот репрезентативец.

Лестер објави дека нема намера да го продаде Мегвајер во овој преоден рок, па останува да се види дали Манчестер јунајтед ќе успее да го ангажира Алдервирелд, или евентуално Јери Мина, за кого Барселона бара 40 милиони евра.

Се вчитува...