СРАМЕН ДЕБАКЛ: Далеку е оваа Македонија од европската елита (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Манчестер,

Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа вистински дебакл вечерва на „Олд трафорд“, понижена и декласирана од Англија со 7-0 како никогаш досега од ниту еден противник.

Дека Англија е една од најдобрите репрезентации во светот не е воопшто спорно, но пристапот на нашите фудбалери е нешто што не смее да се повтори кога се носи дресот со националните бои. За жал, дел од репрезентативците се уште не се свесни на кој начин и како стигнаа до Европското првенство пред три години, пред да бидат само задоволени ѕвезди. Самите мора прво да си ја погледнат минутажата што ја имаат во клубовите бидејќи со „досетки“ на прес-конференции и бегање од изјави не се станува фудбалска величина. Сиот тој однос надвор од теренот вечерва беше преточен на теренот на Олд Трафорд, па изгледаа како што изгледаа…

На Олд Трафорд вечерва се посрамотивме, шансата за ЕВРО веќе ја пропуштивме, а одговорноста за ваков дуел како во Манчестер секако е и кај селекторот Милевски и стручниот штаб од каде имаше најави дека квалификациите се наша нескриена шанса. Објективно претешката група брзо ни покажа каде ни е местото… Поразите од селекции како Англија секако не се и не треба да се страшни, но не на ваков начин…

Се вчитува...