Далеку од идеално во ПСЖ – Нејмар и Парадес се караа за време на натпреварот со Сити (ВИДЕО)

ПСЖ загуби на гостувањето кај Манчестер Сити со 2-1 во 5. коло од Лигата на Шампионите. Парижани во првото полувреме беа далеку послабиот противник, а при крајот на истото на теренот можеше да се види и жестока расправија помеѓу Нејмар и Леандро Паредес.

Двата фудбалери разменија неколку остри зборови откако Бразилецот на средината на теренот ја загуби топката. Паредес гестикулираше кон Нејмар да ја смири играта и да не брза, но тоа не му се допадна на ѕвездата на ПСЖ кој имаше други размислувања.

 

Се вчитува...