Резултатската криза на Динамо Загреб се продлабочи откако „модрите“ претрпеа пораз од 2-1 на гостувањето против Хајдук, уште еден чекор наназад за актуелниот шампион на Хрватска.
За навивачите нема дилема, главен виновник е тренерот Марио Ковачевиќ, па во текот на вчерашниот ден гласно се бараше оставка на овој стручњак ако се сака да се тргне во победнички ритам во периодот што следи.
Главниот збор сепак го има претседателот Звонимир Бобан, кој од друга страна има сосема поинаков став од верните фанови. Хрватските медиуми утрово објавија дека Бобан по мечот имал средба со Ковачевиќ на која му ја издразил својата поддршка.
Првиот човек на Динамо јасно ставил до знаење дека смена на тренерот не е актуелна тема во моментов, но и напомена дека работите мора час поскоро да тргнат во позитивен правец.
Доколкуне се најде излез од кризата иднината на Ковачевиќ ќе биде сериозно доведена во прашање, но младиот стратег засега живее на кредитот од одличниот финиш на ланската сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
