Дали Бутел ќе го одмазди Еурофарм Пелистер 2

Ракометниот суперлигаш на Македонија, Бутел вечерва ќе и гостува на австриска Алпла Хард во првиот натпревар од двомечот во 2. квалификациско коло во второто по ранг европско натпреварување Лигата на Европа.

Бутел има за цел да го одмазди Еурофарм Пелистер 2 кој во претходното коло беше елиминиран токму од австрискиот противник во премиерното коло. Тренерот на бутелчани, Кристијан Грчевски вели дека ќе дадат максимум да влезат во групите од Лигата на Еропа и да испишат историја и за клубот и за македонскиот ракомет.

„Одиме да играме ракомет и ќе пробаме да дојдеме до поволен резултат за реваншот да биде неизвесен. Успеавме да ги анализираме дуелите со Еурофарм Пелистер 2, но сепак подготвени сме и на некои изненадувања. Најсилен нивен адут е брзиот проток на топка, имаат искусни играчи и знаат точно што ќе играат. Ќе го дадеме максимумот за влез во групите. Тоа ќе биде добро не само за нас како клуб, туку и за македонскиот ракомет“, изјави Грчевски. 

Натпреварот меѓу австриска Алпла Хард и Бутел е со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...