Дали е ова крај: Алиоски со солзи во очите го напушти теренот на Ал Ахли (видео)

Езгијан Алиоски не можеше да ги скрие солзите по финишот од натпреварот меѓу Ал Ахли од Рајед, на кој неговиот тим загуби со 1-3. Овој пораз значеше и преселба на Ал Ахли во зоната за испаѓање на едно коло до крајот на сезоната, па многу лесно може да се случи овој тим во следната сезона да биде дел од второто по квалитет натпреварување во Саудиска Арабија.

Разочарувањето кај Алиоски по овој неуспех беше огромно, па македонскиот репрезентативец расплакан се упати кон соблекувалните.

Огромна е веројатноста дека синоќешниот дуел беше последен домашен меч на Алиоски за Ал Ахли, со оглед на најавите дека нашиот интернационалец летово ќе си замине од Саудиска Арабија и кариерата ќе ја продолжи во дресот на новиот турски шампион Трабзонспор.

Се вчитува...