Дали е ова можно? Манџукиќ го „решета“ Реал – Јуве има 0-2 на полувреме (ВИДЕО)

Дали ќе се случи уште едно чудо по синоќешната елиминација на Барселона од Рома во четвртфиналето од Лигата на шампионите? Можно ли е италијанските клубови да елиминираат уште еден шпански гигант?

Јувентус, кој веќе беше отпишан во пресметката со Реал Мадрид, по оние 0-3 во Торино, сега во Мадрид возвраќа на ист начин… „Старата дама“ има предност од 0-2 на полувремето благодарение на двата погодоци на хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ.

Најпрво погоди уште во 2. минута за водство од 0-1…

А, потоа во 37. минута го замолкна „Сантијаго Бернабеу“ за 0-2 по првите 45 минути…

Се вчитува...