Дали е загрозено финалето на СП?!

Само два дена пред големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, организаторите и локалните власти се соочуваат со неочекуван проблем, влошување на квалитетот на воздухот во областа на Њујорк.

Чадот од шумските пожари во Канада повторно ја обвитка пошироката метрополитенска област, поради што здравствените власти упатија предупредување до жителите. Се препорачува ограничување на престојот на отворено и намалување на физичките активности сe додека состојбата не се подобри, како и носење заштитни маски при престој надвор.

Финалето на Светското првенство треба да се одигра во недела во 21 часот на стадионот во Ист Радерфорд, пред повеќе од 80.000 навивачи. Квалитетот на воздухот се влоши непосредно пред пристигнувањето на шпанската репрезентација во средата вечерта, по нивната победа над Франција во полуфиналето одиграно во Тексас.

И покрај неповолните услови, Шпанците во четвртокот одржаа редовен тренинг на отворено и досега не пријавиле никакви проблеми поврзани со квалитетот на воздухот. Аргентинската репрезентација, која ја победи Англија во полуфиналето, денеска на таа локација ќе го одржи својот прв тренинг пред финалето.

Се вчитува...