Дали Ентони Дејвис ги напушта Лејкерс по освојувањето на титулата?

Ентони Дејвис влегува во последната година од договорот кој го потпиша со Њу Орлеанс Плеиканс уште во 2016 година. По освојувањето на титулата со Лос Анџелес Лејкерс тој има право да го напушти тимот пред стартот на новата сезона, а околу тоа ќе влезе во преговори со новиот НБА шампион.

„Немам идеја, не знам. Одлично ми е во Лос Анџелес. Уживам и се забавувам. Следните месеци ќе смислиме нешто. Мислам, не сум 100 отсто сигурен дека ќе останам, ќе разговарам со мојот агент и ќе донесеме конечна одлука“, изјави Дејвис. 

Дејвис со моменталниот договор заработува по 29 милиони долари годишно, а доколку потпише нов таа сума би се зголемила на 32,9 милиони по сезона, но можно е и сумата да биде многу повисока, доколку се зголеми селари кепат за следната сезона.

Се вчитува...