Фудбалската репрезентација на Македонија игра егал против Англија по 25 минути на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Иако Англичаните го имаат поседот на топката не створија некоја посериозна шанса кон нашиот гол. Еден спорен момент се случи во 24. минута, кога по една грешка на Мегваер, Елмас успеа да стигне до гол шанса.
По дуелот со стоперот на Јунајтед, Дијамантот заврши на тревникот, но главниот судија на мечот, Словакот Глова не се одлучи да досуди пенал за Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА