Дали Кариус се враќа во Бундеслигата?

Бундеслигашот Херта Берлин е подготвен во своите редови да го доведе Лорис Кариус. 26-годишниот чувар на мрежата во моментов е на позајмица во Бешикташ, а турскиот клуб соопшти дека на крајот на сезоната ќе го врати голманот во Ливерпул.

Од Ливерпул одамна изјавија дека не планираат на неговите услуги, бидејќи како прва опција го имаат одличниот Алисон, додека се задоволни и од неговата замена Адријан.

Поранешниот германски репрезентативец сезонава за Бешикташ запиша 32 натпревари на кои прими дури 46 гола.

 

Се вчитува...