Дали конечно дојде негово време: Зверев во финалето на Ролан Гарос!

Германскиот тенисер Александер Зверев се пласираше во финалето на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос откако денеска славеше против Чехот, Јакуб Меншик со 3-1 по сетови 7-5, 6-2, 3-6 и 6-3.

За Зверев ова ќе биде вкупно четврто финале на гранд-слем турнирите каде се надева дека ќе стигне до првиот трофеј. Претходно по еднаш губеше во мечевите за трофеј покрај на францускиот опен и на Австралија опен и УС опен.

Во финалето Германецот го чека подобриот од сеиталијанскиот двобој меѓу Матео Арналди и Флавио Коболи.

Се вчитува...