Дали Меси најави крај на кариерата? – После Светското првенство треба да размислам за многу работи!

Аргентина синоќа да ја победи Венецуела со 3-0, а Лионел Меси успеа со еден гол да се запише во листата на стрелци за својата репрезентација.

По натпреварот првата ѕвезда на Аргентина проговори за својата иднина, истакнувајќи дека по Светското првенство ќе размислува за многу работи.

„Сега размислувам само за следниот натпревар, за Еквадор. По Светското првенство ќе треба да размислам за многу работи“, вели Меси.

Медиумите од Аргентина оваа изјава на Меси веќе ја протолкуваа како одлука со која ќе стави крај на репрезентативната кариера по крајот на Светското првенство во Катар.

Се вчитува...