Дали може да ја оживее кариерата? – Пасторe оди во Ла Лига

Аргентинскиот играч за врска Хавиер Пасторе потпиша договор со Елче како слободен играч, потврди шпанскиот клуб. Искусниот фудбалер неодамна го раскина договорот со Рома, и ќе има можност да ја заживее кариерата во клуб каде што многу се очекува од него.

Пасторе е роден во Талјерес, каде ги одигра своите први сениорски минути, а подоцна беше во Хуракан пред да се пресели во Европа, односно Палермо, во 2009 година.

Аргентинецот замина во ПСЖ во 2011 година за речиси 40 милиони евра, а седум години подоцна стана член на Рома за 25 милиони. „Римскара волчица“ издвои 25 милиони евра за овој трансфер.

Искусниот играч за врска одигра само пет натпревари во Серија А минатата сезона и мина само 77 минути на теренот.

 

 

 

 

Се вчитува...