„Дали некогаш сте ги виделе Федерер и Надал да се однесуваат како Ѓоковиќ?“

Поранешниот италијански тенисер Адријано Паната, кој често се јавува со критики за најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, повторно со свои ставови и за време на синоќешниот натпревар на Србинот против Јаник Синер во финалната мастерс серија во Торино.

Паната, кој е поранешен победник на Ролан Гарос, го критикуваше Ѓоковиќ поради постојаните гестикулации кон публиката, но и поради долгите паузи меѓу сетовите…

„Дали некогаш сте виделе Федерер или Надал да се однесуваат како Ѓоковиќ? Дали сте ги виделе со такви гестикулации кон публиката, без разлика на се? А посебна приказна е тоа што најпрво оди во тоалет, па потоа бара физиотерапевт… Се е тоа само за да го наруши така ритамот на противникот“ – истакна Паната.

Се вчитува...