Дали Никола Јокиќ го испрати Леброн Џејмс во пензија?

Леброн Џејмс сериозно размислува да се повлече од кошарката, пренесуваат медиумите во Соединетите Американски Држави.

Новинарот Крис Хејнс кој работи како репортер за телевизијата „Ти-ен-ти“, прв ја објави веста дека Џејмс не е сигурен за сезоната 2023/24, иако има договор.

Хејнс во својот текст наведува дека Леброн треба да размисли за многу работи пред следната натпреварувачка година, дека има многу во игра и дека прашање е дали ќе се врати на паркетот.

Џејмс на прес-конференцијата по „метлата“ од Денвер изјави и дека мора да размисли за некои работи. Леброн Џејмс е еден од најдобрите, а според многумина и најдобриот кошаркар во историјата, четирикратен шампион во НБА лигата, сопственик на бројни рекорди, меѓу кои и „најдобриот стрелец во историјата“.

Се вчитува...