Дали ова е доказ дека Сари го отпиша Манџукиќ?

Маурицио Сари го објави списокот на фудбалери за натпреварот на Јувентус против Лече во 9. коло од италијанската Серија А, а на тој список ги нема Манџукиќ и Роналдо.

Сари одлучи да го одмори Роналдо, а Манџукиќ е повторно отпишан и покрај тоа што е во натпреварувачка форма. Оваа одлука изгледа како уште еден доказ дека Хрватот сигурно го напушта Торино. Најголемо потценување е тоа што во тимот се повикани Марк Оливеира и Хан Кванг-Сонг кои се земени од У23 тимот.

Се вчитува...