„Дали постојат вонземјани“ – Одговорот на Кирјос го воодушеви Балканот (ФОТО)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос ја пропушти целата сезона поради повреда, но рехабилитацијата оди според планот и наскоро се очекува повторно да се појави на терените.

А, во меѓувреме контроверзниот тенисер е активен на социјалните мрежи каде одговараше на прашања на фановите. Едно од нив гласеше „Дали постојат вонземјани“, на што Австралиецот имаше интересен одговор само постирајќи слика од Новак Ѓоковиќ.

Кирјос и Ѓоковиќ долго време немаа добар однос, но истиот се подобри откако Австралиецот го поддржа Србинот во 2022 година.

Се вчитува...