Дали Синер повторно добива помош: Имаше се во свои раце, потоа се повреди, па пауза како во Мелбурн

Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, сигурно чекореше кон победа откако експресно ги освои првите два сета со 6-3 и 6-2 на Ролан Гарос. Меѓутоа, вистинска драма и изненадување за публиката следуваше во третиот сет, кога Италијанецот направи несвојствен и ретко виден потег кој целосно го исфрли од ритам.

Наместо рутински да го приведе мечот до крај, Синер се пожали на проблеми поради топлото време, нешто слично што се случи и на Австралија опен.

Повторно му беше дозволена пауза од десет минути како на Австралија опен, но тоа не му појде од рака овојпат. Овој пад во концентрацијата, па мотивираниот Серендуло веднаш ја искористи шансата, направи пресврт и го освои третиот сет со 7-5.

Натпреварот моментално продолжува во четвртиот сет, каде првиот носител на турнирот се обидува да ја врати контролата и да обезбеди пласман во следната фаза.

Се вчитува...