Дали судиите им помогнаа на Американците против Јужен Судан?! (ВИДЕО)

Кошаркарките на Јужен Судан беа блиску до сензација во пријателскиот натпревар против Соединетите американски држави. Во еден момент тие воеда и со 14 поени во првото полувреме против НБА ѕвездите, но на крајот претрпеа минимален пораз од 101-100 во драматична завршница во која можеби и се оштетени од страна на судиите.

На снимката од завршницата која се појави на социјалните мрежи се гледа како во последниот напад на Јужен Судан по промашувањето на Карлик Џоунс и офанзивниот скок на борбениот Гебриел постои контакт помеѓу него и Ентони Едвардс, контакт кој треба да носи слободени фрлања.

Покрај тоа за време на промашувањето на Гебриел се гледа и како Ентони Дејвис го допира обрачот што е прекршување на правилата кое судиите не го санкционираа и покрај тоа што може да се смета дека искусниот центар влијаеше на поентирањето.

Се вчитува...