Дали ВАР му помогна на Реал? Ливерпул доби слободен удар, се проверуваше дали е пенал, а на крај – ништо (ВИДЕО)

Спорна ситуација на Енфилд, на дербито помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Во 33. минута Чуамени играше со рака, и судијата Иштван Ковач досуди слободен удар, сметајќи дека играта со рака е надвор од шеснаесетникот.

Меѓутоа доби повик од ВАР собата да гледа, па на крајот го поништи и слободниот удар. Чуамени игра со рака, меѓутоа веројатно за Ковач тоа не беше доволно.

Проценете сами, имаше ли пенал за Ливерпул?

Се вчитува...