Дали знаете кој е единствениот активен кошаркар во НБА кој играл против Џордан?

Винс Картер по 22 сезона стави крај на богата кариера. Кошаркарот кој од 1998 беше во лигата конечно одлучи да замине во пензија, како играч на Атланта Хоукс, тим во кој неговата кариера беше подолга од голем дел од неговите соиграчи.

Со заминувањето на Картер во пензија остана само еден активен кошаркар кој од НБА бил дел во периодот кога и најголемиот Мајкл Џордан се уште активно се занимаваше со кошарка. Центарот на Хјустон Рокетс во НБА стигна во 2001 година кога на драфтот беше избран од Чикаго Булс. Џордан од 2001 до 2003 настапуваше за Вашингтон Визардс.

За Чендлер ова е 19 сезона во кариерата, а во 2011 со екипата на Далас Маверикс стигна до единствениот прстен во кариерата.

Се вчитува...