Далиќ го избрка од Русија, Калиниќ со сензационален трансфер во Атлетико Мадрид!

Напаѓачот Никола Калиниќ чие исфрлање од хрватската репрезентација на Мундијалот во Русија на впечатлив начин ја одбележа хрватската приказна на Светското првенство е пред извонреден трансфер од Милан во редовите на Атлетико Мадрид.

Како што пренесува „Кориере дело спорт“, Диего Симеоне лично ја повикал управата на Милан со барање за трансфер на Хрватот. Па, преговорите, наводно, се веќе во тек.

Познато е дека Калиниќ е веќе некое време на излезните врати од италијанскиот клуб во чии редови пристигна од Фиорентина. Изминатава сезона постигна само шест гола, но очигледно тоа не е никаков негативен показател за Атлетико Мадрид. Сумата која ќе треба да ја платат мадриѓаните за Калиниќ се движи во границите меѓу 22 и 25 милиони евра.

Се вчитува...