Далиќ ја има довербата на хрватската федерација – останува селектор до 2024 (ФОТО)

Златко Далиќ и во следните три години ќе ја предводи хрватската фудбалска репрезентација откако денеска и официјално беше ставен потпис на нов договор. Тоа значи дека 55-годишниот стартег ќе биде на клупата на „коцкестите“ до крајот на Европското првенство 2024.

Далиќ е селектор на Хрватска уште од 2017 година и во неговата ера репрезентативниот фудбал забележа големи успеси. Хрватска играше во финалето на Светското првенство 2018 година и во осминафиналето од Европското првенство изминатото лето.

Се вчитува...