Далиќ: Нема да треба анкета дали да останам селектор?

Златко Далиќ продолжува со одличните резултати како селектор на Хрватска откако успеа да ја одведе својата селекција и до петтото големо натпреварување во низа.

Далиќ дојде на чело на „коцкестите“ во 2017 година и под негово водство оваа селекција бележи одлични резултати, освојувајќи едно сребро и една бронза на последните два мундијала. Очекувано, тој беше горд на новиот успех со перфектни „пет од пет“ во квалификациските циклуси, не пропуштајќи ја можноста да ги „пецне“ новинарите кои не така одамна го испитуваа јавното мислење околу иднината на селекторот.

„Пет од пет пласмани на големите натпреварувања. Се надевам дека сега нема да има нови анкети, дали треба или не треба да бидам селектор“, прокоментира со насмевка Далиќ, па продолжи со посериозен тон:

„Уште едно Светско првенство, им честитам на момците. Беше тешко во овој период, 3-4 месеци бевме под притисок, но одговоривме на најдобар можен начин и одиме понатаму. Не беше лесно да се игра со Фарските острови, селекција што не е атрактивна, но многу трча и се бори. Дојдовме до она што сите го посакувавме и сега можеме да го прославиме“, истакна хрватскиот селектор.

Се вчитува...