Далиќ: Останувам селектор, но само под еден услов…

Златко Далиќ по завршувањето на СП 2018 беше на чекор до заминување од клупата на Хрватска, жалејќи се на недоволна поддршка од одредени структури во федерацијата кои едвај чекале да го сменат. Тој побара време за добро да размисли, а во меѓувреме очигледно и се премисли бидејќи во последната изјава тој стави до знаење дека е подготвен да остане на чело на „коцкестите“ уште најмалку две години, притоа поставувајќи само еден услов.

„Имам договор до 2020 година да останам селектор, а јас никогаш не сум ставал ништо друго пред Хрватска. Останувам селектор, но само под еден услов – го сакам својот мир. Сакам да работам како што треба и сакам поддршка, немам намера да се ангажирам целосно некаде каде не ми е сигурно дали утре ќе останам на функцијата. Навикнав да работам во чесни околности и само тоа го барам и овде“ – истакна Далиќ.

Се вчитува...