Далиќ откри кои Хрвати ќе добијат одмор со Исланд

Хрватскиот селектор Златко Далиќ е херој на својата земја откако „коцкестите“ извонредно го почнаа овој мундијал, освојувајќи шест бода во првите две кола. Особено импресивна беше синоќешната победа над Аргентина од 3-0 со која е осигуран и пласманот во осминафиналето, што му овозможува на хрватскиот кормилар да тактизира со составот во третото коло против Исланд.

Она што вчера беше најавено, денеска го потврди самиот селектор, објавувајќи дека сите играчи кои добиле картони во досегашниот дел од шампионатот, нема да играат против Исланѓаните.

„Секако дека сакаме да бидеме први во групата, но нема да калкулираме или евентуално да бираме противници бидејќи подоцна тоа скапо се плаќа. Ротации ќе има, и тоа поради картоните. Не смееме да ризикуваме да загубиме играч во осминафиналето само затоа што сме ризикувале со негов настап против Исланд. Тоа значи дека покрај Брозовиќ, кој секако е суспендиран, во третото коло нема да настапат ниту Ракитиќ, Врсаљко, Ребиќ и Манџукиќ.

Се вчитува...