Далиќ ротира цел тим – Модриќ, Перишиќ и девет нови играчи против Исланд

Хрватска е речиси сигурно прва во својата група, што му овозможува на селекторот Златко Далиќ да направи сериозен експеримент со составот на вечерашниот дуел против Исланд. Нигеријците и Аргентинците се надеваа на сериозен пристап на „коцкестите“, но Далиќ реши да ги одмори речиси сите фудбалери кои донесоа победи на Хрватска на првите два натпревари.

Тој уште по триумфот над Аргентина најави дека ќе ги одмори играчите кои се во опасност поради картони да го пропуштат осминафиналето, но последните информации говорат дека промените ќе бидат уште покоренити, а меѓу единаесетмината кои ќе истрчаат денеска против Исланд ќе бидат само двајца стартери, и тоа Лука Модриќ и Иван Перишиќ.

Калиниќ ќе добие шанса на голот на Хрватска на местото на Субашиќ, во одбраната Чорлука и Чалета Цар ќе ги заменат Вида и Ловрен, додека на бековските позиции шанса ќе добијат Једвај и Пивариќ. Друштво на Модриќ во средниот ред ќе му прават Бадељ и Ковачиќ, најистурен ќе биде Крамариќ, кој од крилните позиции ќе биде помаган од Перишиќ и од Пјаца.

Хрватска и во овој состав делува моќно, па останува да се види дали „коцкестите“ ќе успеат да останат непоразени од Исланд и да им направат услуга на Аргентина и на Нигерија, кои во тој случај во меѓусебниот дуел би решавале за патникот во осминафиналето.

Се вчитува...